fbpx

Пендаровски го честиташе 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

-

Претседателот Стево Пендаровски денеска упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. Пендаровски истакна дека и единаесет векови по нивното упокојување, универзалното дело на солунските браќа ги надминува верските, националните и идеолошките рамки и е пример за хуманизам, алтруизам и правдољубивост.

„Нека ни е честит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. Најискрено ви посакувам големиот празник да го поминете пред сè во добро здравје, исполнети со љубов, среќа и радост. Поставувајќи ги темелите на писменоста и духовноста кај словенските народи, Свети Кирил и Методиј извршија подвиг кој им обезбеди статус на светци во црквата, но и неизбришливо место во светската историја поради што со право се прогласени и за заштитници на Европа. Благодарение на нивното дело и ние Македонците, како дел од словенското семејство народи имаме можност и благослов на мајчин јазик да ја развиваме својата култура, уметност, образование, наука“, напиша Пендаровски во својата честитка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...