fbpx

Десетмина загинати во хелихоптерска несреќа во Аргентина, меѓу нив и славни спортисти

-

Осуммина француски државјани, меѓу кои и славната едриличарка Флоренс Арто, олимпската пливачка и носителка на златен медал, Камил Муфат и олимпискиот боксер Алекисис Вастин, ги загубиле животите во судир на два хелихоптера, за време на снимањето на реалното телевизиско шоу „Фрлени“ (Dropped), во провинцијата Ла Риоха, на североистокот на Аргентина, јавуваат светските медиуми.

Во несреќата загинале и двајцата пилоти.

Како што пренесуваат агенциите, двата хелихоптера се судриле за време на снимањето. Во несреќата нема преживеани.

Претставници на локалните власти изјавиле дека временските услови биле добри и засега не се знаат причините за несреќата.

Од кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд, синоќа го потврдиле идентитетот на жртвите, меѓу нив и спортските ѕвезди, Арто, Муфат и Вастин.

Дејството на реалното шоу „Фрлени“, кое се емитува на францускиот канал ТФ1, вклучува осум спортски ѕвезди кои се оставени во негостопримлива природна средина заради авантура и преживување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руски беспилотни летала повредија 6 лица во украинските региони Харков и Днепар

Русија изврши напад со беспилотни летала во текот на ноќта врз украинските региони Харков и Днепро, при што беа повредени најмалку шест лица и беше погодена критична инфраструктура, комерцијални...