fbpx

Од понеделник „Лајка“ ќе ги заловува бездомните кучиња во Аеродром

Тимот заловувачи во текот на целата следна недела ќе заловува во општината во следните реони: Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски Центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово

-

Од понеделник заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Аеродром, известуваат од јвното претпријатие.

Тимот заловувачи во текот на целата следна недела ќе заловува во општината во следните реони: Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски Центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово.

Фото: ЈП Лајка

„Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман“, известуваат од ЈП Лајка.

Од претпријатието апелираат до граѓаните од гореспоменатите населби, доколку имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на заловуваните тимови да се јават на телефонските броеви 02 256 5859 / 071 219 925 или да пријават на [email protected].

ЈП Лајка во последниов период интензивно врши заловување на бездомните кучиња во Општина Аеродром, откако градоначалникот Тимчо Муцунски изрази незадоволство од работата на ова претпријатие и се пожали на големиот број кучиња по улиците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...