fbpx

Шабани: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за многу краток период ќе ги поддржат уставните измени

Одлучивме да станеме дел од парламентарното мнозинство бидејќи на овој начин овозможуваме да се постигне потребниот број за изгласување на уставните измени, вели Исен Шабани, организациски секретар на партијата и градоначалник на Општина Врапчиште

-

Одлучивме да станеме дел од парламентарното мнозинство бидејќи на овој начин овозможуваме да се постигне потребниот број за изгласување на уставните измени.

Вака ја образложува одлуката на приклучување на Алијанса за Албанците (АА) во Владата, Исен Шабани, организациски секретар на партијата и градоначалник на Општина Врапчиште.

Тој во емисијата „Политика“ на ТВ Глоби рече дека на одлуката влијаело и преземањето одговорност за земјата да се движи побрзо на европскиот пат.

„Ние можевме да ја поддржиме малцинската влада но, не сакавме да бидеме обвинети дека како опозиција соработуваме со таа влада. Затоа, решивме да преземеме одговорност и сега кога ја презедовме одговорноста, треба да помогнеме во овој процес на уставните измени во рок од десет месеци. На овој начин ние даваме шанса да се постигнат бројките за уставните измени, бидејќи ако одберевме да останеме во опозиција ќе беше полесно но, ќе имавме криза и можеби ќе одевме на предвремени парламентарни избори. Не ни преостануваше друг пат“, изјави Шабани.

Тој ја изрази неговата убеденост дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат уставните измени.

„Да, шансите се големи, ние имаме надеж и работиме во тој правец. Се надевам дека и кај македонската најголема партија, која ја создава најголемата блокада, ќе има пратеници кои ќе ги поддржат уставните измени“, додаде Шабани.

Запрашан од каде ова убедување, Шабани рече дека некои од пратениците на партијата на Мицкоски самите го сакаат ова.

„Кога разговараме во претседателството на партијата, нашите пратеници кажуваат дека комуницираат со сите нивни колеги од другите политички субјекти но, конкретно сега, кога зборуваме за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тие кажуваат дека има волја што укажува дека сега тие, во еден многу краток период, ќе ја поддржат идејата за уставните измени, иако сега имаат притисок од нивниот лидер. Се разбира, тој е под притисок од тоа што го изјавил порано и не знае како да излезе од таа ситуација но, тој тоа го прави повеќе за политички маркетинг“, истакна Шабани, кој е уверен дека до крајот на годината уставните измени ќе бидат изгласани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...