fbpx

Облачно и дождливо време со температура до 10 степени

-

Во Македонија времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините ќе врне снег и ќе дува засилен јужен ветер.

Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните часови и во текот на ноќта, кога, според синоптичарите, се очекува да наврнат повеќе од 25 литри дожд на еден квадратен метар.

На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во снег, особено во северните и во западните делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 7 Целзиусови степени, а дневната од 5 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно, со врнежи од дожд и ќе дува засилен југоисточен ветер.

Температурата ќе се движи до 4 Целзиусови степени во утринските часови, додека дневната се очекува да достигне 7 Целзиусови степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...