fbpx

Честитка од Пендаровски по повод 21. Декември – Денот на наставата на турски јазик

-

Македонскиот претседател Стево Пендаровски на сограѓаните од турската заедница им го честита 21. Декември – Денот на наставата на турски јазик, со желба за многу здравје, радост и бериќет, информираат од Кабинетот на претседателот.

Денот на наставата на турски јазик е врзан со почетоците на слободната македонска држава и Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓаните, со која се гарантира правото на слободен национален живот за немнозинските заедници. Еден од првите плодови на таа декларација беше наставата на мајчин јазик за повеќе заедници, вклучително и за турската. Од тогаш до денес, образованието на турски јазик придонесува кон одржувањето на турскиот идентитет, култура и традиција и негување на соживотот во македонското мултиетничко, мултијазично и мултирелигиско општество, порачува претседателот Пендаровски во честитката до сограѓаните од турската заедница.

Како лојални граѓани на земјава, додава претседателот Пендаровски, припадниците на турската заедница се истовремено и мост за соработка со пријателска Република Туркије.

„Само сплотени можеме да ги надминеме сите предизвици со коишто се соочуваме како држава и општество. Верувам дека припадниците на турската заедница ќе продолжат да го даваат својот значаен придонес кон градењето на стабилна, праведна и просперитетна држава за сите“, стои во честитката на претседателот Стево Пендаровски кон сограѓаните од турската заедница во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...