Пет училишта добија на подарок 1.324 книги за подобрување на јазичните вештини на децата

Извор на фотографија: Фејсбук страница на Здружението Конект

Издавачката куќа за деца „Вермилион“ и Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по Чекор – Македонија преку партнерство со сервисот „Конектирај се“ донираа 1.324 книги интересна детска литература за учениците од пет училишта во земјава, информираат од Здружението на граѓани „Конект“.

„Од денес учениците од пет училишта ќе читаат интересна детска литература и ќе ги подобруваат своите јазични вештини и знаења. Кога бизнис секторот и граѓанските организации соработуваат, заеднички можат многу да постигнат“, објавија од „Конект“ на нивната Фејсбук страница.

Инаку, сервисот „Конектирај се“ се спроведува преку проектот „Партнерства за донирање“ на УСАИД во земјава.

Книгите во петте училишта се предадени од „Чекор по чекор“, како дел од проектот „Акција за намалување на нееднаквостите во образованието“ кој е финансиран од Европската Комисија.