fbpx

Штајнмајер и Пендаровски ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев 

-

Претседателот Стево Пендаровски, денеска и утре е домаќин на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија. Тој на официјална церемонија ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на двете држави.

Во црквата „Св. Спас“ во Скопје претседателот Штајнмајер и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Инаку приватните превозници денеска не го блокираа Скопје, токму поради посетата на германскиот претседател Штајнмајер. Рекоа дека имаат разбирање затоа што станува збор за посета од државен интерес и дека не сакаат да создаваат дополнитен метеж низ градот со оглед на тоа дека и онака ќе има посебен режим на сообраќај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...