По претходно добиени сознанија дека во Дебар е можно да се врши шверц со наркотици, полицијата излезе на терен со специјалното моторно возило кое е опремено со уред за ноќно и за денско набљудување, при што во близината на патот кој води кон шталите на „33 Прогрес“ забележани се две лица кои илегално влегле во Македонија од Албанија и биле сокриени во близина на регионалниот пат кој води кон Дебар. Полицајците веднаш дошле на местото каде што се наоѓале лицата и при обид да ги фатат, тие побегнале, едниот кон Албанија, а другиот кон село Шулан.
Лицето што се упатило во правец кон Албанија, во кординација со албанските полициски органи, е фатено на албанска територија и притоа утврдено е дека тоа е П.М. (22), албански државјанин. Второто лице успеало да побегне.
Од страна на крим-техника, непознатата тревкаста материја е испратена на вештачење. По добиено вештачење, констатирано е дека пронајдениот материјал преставува опојна дрога марихуана со вкупна нето-маса од 1.975 грама.
Против албанскиот државјанин П.М., како и против засега непознатото лице, до надлежното јавно обвинителство поднесена е кривична пријава за сторено неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекузори.