fbpx

На 42-годишна возраст почина директорот на Железници на РСМ-Транспорт, Мубекир Палоши

-

Денеска во раните утрински часови на 42-годишна возраст почина директорот и претседателот на управниот одбор на Железници на РСМ-Транспорт, Мубекир Палоши, соопштија од партијата Алтернатива, пренесува Порталб.мк. Палоши дојде на раководната позицијата на државното железничко претпријатие кон крајот на декември 2021 година како кадар на Алтернатива.

Мубекир Палоши е роден во 1980 година во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет со звањето дипломиран економист од областа на менаџмент и маркетинг. Работел во приватниот сектор како финансиски консултант, но учествувал и во формирањето на културно-образовна невладина организација.

Изрази за сочувство денеска веќе објавија од партијата Алтернатива, како и нејзиниот претседател Африм Гаши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...