fbpx

Над 2.000 руски научници во отворено писмо протестираат поради инвазијата на Русија во Украина

-

Започнатите воени дејствија, според руската интелектуална јавност, води кон меѓународна изолација на Русија, нешто што ќе ѝ наштети на државата директно, бидејќи „научното истражување е незамисливо без целосна соработка со колеги од други земји, а изолацијата на Русија од светот значи натамошна културна и технолошка деградација на земјата во отсуство на позитивни перспективи“, пишува „Вистиномер“.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Остар протест против воените дејства што ги започна Русија против Украина во отворено писмо упатија над 2.000 руски академици, членови на Руската академија на науката, научници, новинари, интелектуалци. Според потпишаните, одговорноста за покренување нова војна во Европа целосно паѓа на Русија, која нема рационално оправдување за оваа војна.

Обидите да се искористи ситуацијата во Донбас како изговор за воена операција не влева никаква доверба. Јасно е дека Украина не претставува закана за безбедноста на нашата земја. Војната против неа е неправедна и искрено бесмислена. Украина беше и останува земја блиска до нас. Многумина од нас имаат роднини, пријатели и колеги научници, кои живеат во Украина. Нашите татковци, дедовци и прадедовци се бореа заедно против нацизмот. Отворањето војна заради геополитичките амбиции на раководството на Руската Федерација, поттикнато од сомнителни фантазии, е цинично предавство на нивната меморија, пишува во писмото.

Започнатите воени дејствија, според руската интелектуална јавност, води кон меѓународна изолација на Русија, нешто што ќе ѝ наштети на државата директно, бидејќи „научното истражување е незамисливо без целосна соработка со колеги од други земји, а изолацијата на Русија од светот значи натамошна културна и технолошка деградација на земјата во отсуство на позитивни перспективи“.

Но, на оваа научна јавност, како што пишува, најтешко ѝ паѓа тоа што Русија, „која даде одлучувачки придонес во победата над нацизмот, сега стана поттикнувач на нова војна на европскиот континент“.

Бараме итно запирање на сите воени операции насочени против Украина. Бараме почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на украинската држава. Бараме мир за нашите земји, завршува отвореното писмо.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...