Светски познатиот диџеј Тиестo во јуни со настап во Скопје

Фото: Авалон Продукција

Една од најголемите и најконзистентни ѕвезди во електронската музика денес, холандскиот диџеј и продуцент Тиесто пристигнува годинава во Скопје на 16 јуни.

„Тој доаѓа во Скопје на 16-ти јуни на стадионот на АРМ, поголем од било кога досега и
неговиот настап е ексклузивен ако се земе во предвид дека последниве неколку годинина настапува или во Америка или само на големи фестивали какви што се Ultra Music и Tomorrowland. На светската музичка сцена, Тиесто важи за многу повеќе од диџеј и продуцент, статус што го заслужи уривајќи ги сите рекорди за секое негово издание. Тиесто е единствениот артист кој гордо и заслужено во последниве неколку години ги носи титулите, „The Pope of EDM“ и  „The greatest DJ of all time“, според магазинот Mixmag, „No. 1 DJ“ според магазинот Rolling Stone и „The Godfather of EDM“ според Billboard“, стои во соопштението од Авалон Продукција.

Едни од најпознатите песни „The Business“, „Don`t be shy“, „BOOM“, „Ritual“, „Secrets“ како и колаборативната песна со една од најпознатите американски поп пеачки, Ава Макс, хитот „The Motto“ ќе бидат дел од најавениот репертоар на годинешниот трет по ред негов настап во земјава.

Влезниците за овој ексклузивен настан кој ќе биде со ограничен капацитет ќе бидат
пуштени во продажба од утре, 18-ти февруари во 09 часот наутро преку продажната
мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории:

ПАРТЕР: 1.500 денари
ФАН ПИТ: 2.000 денари (само  1.000 влезници во продажба)
ВИП: 3.000 денари (само 300 влезници).