fbpx

Тројца охриѓани заработија кривични за нелегален риболов

-

Тројца охриѓани заработија кривични пријави за нелегален риболов на Охридско Езеро. Претходно, полициската станица за граничен надзор им запленила повеќе рибарски мрежи, долги околу сто метри, седум килограми риба пастрмка и риболовен алат и прибор.
– Последниот месец, езерската полиција регистрирала вкупно три прекршоци за непочитување на законот за внатрешна пловидба. Поради тоа, поднесени се прекршочни пријави за управување пловен објект на Охридско Езеро во време кога има ограничена пловидба на чамци и на скутери на природните езера во Република Македонија, управување со пловен објект без уверение и без пловидбени дозволи, како и поради необележаност на пловниот објект на видно место со регистарска ознака – информираше портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски.

Поради необележаност на рибарските мрежи со жиг од Државниот инспекторат за земјоделство, како и поради необележаност на пловните објекти, истите се одземени, со што е запознат и јавниот обвинител.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УКИМ се држи „за влакно“ – останува на 1.990 место меѓу 2.000 најдобри универзитети во светот

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) останува на 1.990-то место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2024 година, што денеска ја објави Центарот за...