fbpx

Започнува мерењето на отвореноста на општините за 2022 година

-

Во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество (Civic Engagement Project), почнувајќи од денес, 15 февруари 2022 година, започнува новото мерење на отвореноста на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во Република Северна Македонија, информираат од Фондацијата Метаморфозис.

Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со Квантум Прима – Кавадарци, Центар за интеркултурен дијалог – Куманово, Здружение Мултикултура – Тетово, Фондација за развој на локалната заедница – Штип, Центар за социјални иновации Блинк 42-21 – Скопје, Локална агенција за развој – Струга, АГТИС Прилеп и Скај Плус Струмица ќе спроведе мониторинг на сите општини во нашата земја.

Мерењето на општините ќе се спроведува според Индексот на отвореност кој е композитен показател што го определува степенот на отвореност на институциите кон граѓаните и општеството и е создаден со цел да дефинира до кој степен граѓаните добиваат погодни и разбирливи информации од институциите, информираат од Фондацијата Метаморфозис.

„За да се измери степенот на институционалната отвореност, следејќи ги законските регулативи, меѓународните стандарди, препораки, како и добри практики, со Индексот на отвореност се мониторираат ЕЛС според посебни квантитативни и квалитативни показатели, кои се однесуваат на пристапот до информации на официјалните веб страни, објавени податоци за работењето на институцијата, јавните набавки, информации за трошењето на јавни пари итн.“, се наведува во соопштението на Фондацијата Метаморфозис.

По завршувањето на мерењето на отвореноста на општините, а врз основа на анализираните податоци, Фондацијата Метаморфозис ќе изработи документ за јавни политики, и ќе организира кампања за застапување со цел да се помогне на општините во унапредување на нивната отвореност кон граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...