fbpx

„Професорски пленум“: Ќе се вклучиме во работата за подготвување нови законски решенија

-

„Професорски пленум“ беше дел од делегацијата која на барање на ректорот на УКИМ оствари средба со премиерот Груевски и со неговиот тим. Во долгата дебата, претставниците на професорскиот пленум, заедно со колегите и со студентите, ги афирмираа клучните забелешки и аргументи за неприменливоста на законите од областа на високото образование (ЗВО), се вели во соопштението од „Професорски пленум“.

„Јавноста веќе е запозната дека предлогот на студентскиот и на професорскиот пленум за одложување на примената на пакетот закони за високо образование како неопходен предуслов за почеток на работа на нови законски решенија беше прифатен. Премиерот даде ветување дека на првата наредна седница на Владата на РМ, ќе биде предложен предлог-закон за измени на ЗВО, со кој ќе се стави мораториум на последните измени. Дополнително, на средбата беше заклучено дека принципот на работа на новата законска регулатива во високото образование ќе биде инклузивен, сеопфатен и во духот на партиципативната демократија. „Професорски пленум“ ќе се вклучи во работата за подготвување на новите законски решенија, но прво очекува дека во најкус временски рок, како што и беше договорено, ќе се создадат правни претпоставки за обединет и креативен универзитетски живот, како гарант за квалитетно високо образование. „Професорски пленум“ не се откажува од легитимното право на вониституционално дејствување во случај на изневерени очекувања од правните и од институционалните механизми!“, стои во соопштението од „Професорски пленум“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...