fbpx

Владата попушти, се одложува државниот испит, студентите се мислат

-

За една година ќе се одложи државниот испит за студентите, а за две години се одложуваат и останатите законски измени и дополнувања на Законот за виското образование.

Ова за „Мета“ го потврдуваат од „Студентски пленум“ по средбата со премиерот Никола Груевски.

– Премиерот Никола Груевски на денешната средба ги прифати нашите барања за мораториум на измените на Законот за високо образование. Се договоривме во најкус можен рок да се формираат работни групи со сите засегнати страни, кои ќе работат или на подготвување на нов закон за високо образование или на измени на постојниот – вели Христијан Давидовиќ, еден од претставниците на „Студентски пленум“ на средбата во кабинетот на премиерот.

На официјалниот твитер-профил на „Студентски пленум“ се вели: „Денес ништо не беше договорено, туку премиерот излезе со понуда. Дали ќе се прифати ќе одлучат сите студенти заедно!“

На средбата, освен двајцата преставници на „Студенски пленум“, присуствувале и професорката Гордана Силјановска-Давкова, министерот за образование, Абдилаќим Адеми, заменик-министерот Спиро Ристовски, ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, двајцата проректори, деканите на Правен и на Економски факултет и повеќе универзитетски сенатори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...