fbpx

Зошто попушта Груевски: Се вразуми или се исплаши?

-

Нешто невообичаено се случува на Илиденска број 2. Каде замина „непопустливиот“ Груевски?  За само неколку дена, Владата повлече потези кои ги нема направено во деветгодишното владеење и кои и најголемите оптимисти не можеа да ги предвидат: ги послуша студентите, седна да се договори со СОНК, ги ослободи Кежаровски и Вранишковски и, денеска, во недела, попушти и за продонесите за хонорарците, законско решение кое осум месеци толку тврдоглаво го бранеше.

Минатата недела, пак, помеѓу поплавите и заканите со „бомба“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, премиерoт Никола Груевски „ненадејно“ ги викна на средба претставниците на „Студентски пленум“.

Исто така ненадејно, пред полноќ, јавноста дозна и дека СОНК го прекинува штракот кој траеше две недели. Сè уште не стивнале муабетите за тоа дали наставниците изгубија или добија со договорот што врхушката на работничкото движење го постигнала со министерот за образование, Абдилаќим Адеми, се појави и договор меѓу студентите и премиерот.

На сите повеќе од јасно ни беше дека договор ќе има, без разлика на првичните реакции на студентите и соопштенијата од кабинетот на првиот човек на македонската влада. Сите знаеја дека кој влегол во кабинетот на Груевски, без договор не излегол, освен, секако, Заев. Но, тоа е веќе друга приказна.

По офанзивата на Владата за „ставање во ред“ на образовните структури во дражавата, се отвора дилемата за потребата од акцијата наречена „мирна интелигенција“, со која власта ќе се обиде со сите сили и со ветувања, кои можеби и не ѝ се по ќеф, да го придобие мирот од оваа елитистичка структура? Дали целата оваа серија (ослободување на Кежаровски, Вранишковски, договор сo СОНК, со УКИМ, со пленумците) ќе има крај и ќе донесе мирни улици и има ли врска со операцијата „Пуч“? Чуму толкава брзина и честота? Што треба да се превенира?

Како и што почна, ненадејно и брзо, а потоа стана и масовно окупирањето на улиците, исто толку ненадејно и брзо се поведе акција за нивно смирување.

По најавата за продожување на дијалогот со СОНК и со разговорите на студентите од „Студентски пленум“, не беше неочекувано и хонорарците да видат бел ден. Особено по најавите дека иднот („црн“) петок тринаесетти и тие ќе протестираат.

Јасно е дека на Груевски не му одговара (барем во моментов) полна улица. На власта ѝ требаат мирни улици. Груевски сè помалку може да менаџира повеќе кризи одеднаш, па почна една по една да ги релативизира и да ги решава.

В.Ѓ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите што ги употребува политичкиот противник за Стево Пендаровски се во најголем дел проблематични, бидејќи се базираат на изменета содржина, т.е. или се невистини или полувистини, или, пак, им...