fbpx

Промоција на „Проглас“ од Константин Философ – Св. Кирил и изложба „По трагите на Светите Кирил и Методиј“

-

Денешната промоција на печатеното издание на „Проглас“ од Константин Философ – Св. Кирил и отворањето на изложбата „По трагите на Светите Кирил и Методиј“, се дел од содржините за одбележување на празникот 24 мај – Ден на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, организирани заедно со Словачка.

Во своето обраќање на промоцијата, премиерот Зоран Заев рече дека мисијата на Светите Кирил и Методиј за обединување на словенските со другите народи на Европа, пред нешто повеќе од 1150 години, покрај христијанизацијата, имала и извонредно и единствено историско-културолошко и епохално просветителско значење.

„И овој настан во чест на Светите Кирил и Методиј, обединува. Овој пат ги обедини Република Северна Македонија и Република Словачка преку заедничкото издание на „Прогласот“ на Константин Философ – Свети Кирил“, рече Заев. Тој додаде дека, ова библиофилско издание за прв пат беше објавено во Словачка по повод 1150 годишнината од Великоморавската мисија на сесловенските просветители, а сега доживеа и второ, дополнето издание, на старословенски, словачки и македонски јазик.

Делото е објавено повторно од Словачката народна библиотека, во соработка со издавачот, Друштвото на писатели на Словачка и со финансиска поддршка на нашата Влада. Посебна заслуга има Стојан Лекоски, наш сограѓанин кој повеќе години живее и работи во Словачка и кој е составувач и преведувач на делото.

Денешниот настан во пресрет на 24 мај – Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј е збогатен и со изложбата „По трагите на Светите Кирил и Методиј“, на која низ фотографии и илустрации се прикажани нивниот живот и дело и нивните мисии во Европа. Тие мисии, покрај ширењето на словото Христово, описменувањето и просветлувањето, биле и теолошката апологија на старословенскиот јазик и неговото користење во божјите служби, кои дотогаш во Европа се вршеле само на три јазика, латински, грчки и германски.

Изложба: „По трагите на Светите Кирил и Методиј“; Фото: Влада на РСМ

По повод промоцијата на библиофилското издание на Прогласот од Константин филозоф – Св. Кирил, на старословенски, словачки и македонски јазик, а во пресрет на одбележувањето на делото на Светите Кирил и Методиј, денеска претседателот Стево Пендаровски ги прими Архиепископот Кирил Васил, администратор на епархијата во Кошице, Хенрик Маркуш, амбасадорот на Словачка во Северна Македонија, Франтишек Рабек, претседател на Словачката бискупска конференција и Стојан Лекоски.

Се разговараше за важноста од негувањето на културно-духовната врска меѓу Северна Македонија и Словачка, како предуслов за пријателските односи и градењето на заемна почит и разбирање. Пендаровски изрази задоволство од силните политички, историски и културни врски меѓу двете земји и очекување за натамошно динамизирање на соработката меѓу двете држави во областите од заемен интерес, соопштија од претседателскиот кабинет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...