fbpx

Лицата во конзуларните претставништва во странство и нивните семејства ќе се попишуваат од 1 до 15 март

-

Лицата кои имаат место на живеење во РСМ, а за време на спроведувањето на престојниот попис се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва во странство, како и членовите на нивните семејства кои се со нив, ќе бидат попишувани  во периодот од 1 март до 15 март 2021 година. Додека самопопишувањето/саморегистрацијата на нерезидентното население, но и сите други државјани кои по било кој основ престојуваат во странство, ќе започне од 1 март и ќе трае до 21 април 2021 година.

Ова го посочил министерот за надворешни работи Бујар Османи, на денешниот вонреден состанок со сите шефови на дипломатско-конзуларни претставништва, на кој се разговарало за активностите во нивна надлежност околу претстојната пописна акција, во смисла, дипломатската мрежа да овозможи поддршка на Заводот за статистика за сите потребни информации од дијаспората.

„Во наредните 50 дена ова треба да претставува врвен приоритет на работата на дипломатската мрежа, со цел да обезбедиме соодветни услови на пописните органи да ја завршат оваа обврска”, истакна Османи.    

Тој информираше за законските надлежности на МНР, рече дека поради доцнењето на донесувањето на Законот за попис институциите забрзано се подготвуваат за обврските, и побара од дипломатската мрежа да им обезбеди поддршка на пописните органи. 

„Пописот е добар пример преку нашата проактивна улога да демонстрираме одговорност и посветеност кон дијаспората, која има важна улога во вкупните процеси. Важно е да создадеме трајни услови за соработка, за брза комуникација и блискост, остварувајќи ја со тоа клучната цел – дијаспората да биде нераскинлив дел од земјава”, потенцира Османи. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...