Откако претседателот Ѓорге Иванов ги потпиша законите за високо образование, на „Фејсбук“ има лавина од коментари и од реакции, како на политичари, така и на обични граѓани.
Еве некои од нив:
Ивица Милевски:
„Си мислев дека „Претседателот“ сепак можеби ќе биде „претседател“ на сите, барем за кратко…ама пуста надеж. Дефинитивно имаме „претседател“ само на хартија, колку да го има“.
Ана Павловска-Данева:
„Ни државник, ни професор! Првото никогаш не бил, а другото никогаш повеќе нема да биде“.
Јане Стефанов:
„Се давам во мојата наивност… стварно мислев дека професорот Хорхе нема да ги потпише… Оооо каква лекција ме научи професоре!“
Билјана Ванковска:
„Веројатно разочаран од ракометниот пораз од Хрватска, Иванов го потпиша Законот за високо образование и покажа дека е „државник“, дека Груевски и Каракамишева се авторитетите кои ги слуша. Тој е бивш професор и веројатно иден пензионер. Додуша никаква штета за науката во МК и надвор од неа: ионака нема ништо објавено во Веб оф Сајанс или нешто посериозно. Држеше предавања на странски универзитети со преведувачи и слични „бисери“.
Цветин Чилиманов:
„По потпишувањето на законите за образованието, ако почнуваме нова дебата, дел од неа мора да биде воведувањето ваучери и сериозна децентрализација во финансирањето и управувањето со јавното образование – негово спуштање на општинско ниво“.
Татјана Стојановска-Иванова:
„А мислев дека сепак ќе преовлада професионалното над партиското… разочарувачки“.
Раим Адеми:
„Само мал број има вистински професори што ја работат професионално работата, се остало се зависници во некоја политика за личен интерес“.