fbpx

Здружението „Мултикултура“ нуди бесплатна правна помош за прекршени работнички права

-

Здружението „Мултикултура“ од Тетово со бесплатни совети и бесплатна правна помош ќе им помага на сите работници чии права се загрозени во време на пандемијата со коронавирусот.

„Право на бесплатна правна помош имаат лицата кои, со оглед на својата материјална положба, не би можеле да ги остварат со Устав и закон загарантираните права, без да го загрозат сопственото издржување и издржувањето на членовите на своето семејство со кои живеат во заедничко домаќинство“ – велат од Здружението.

Тука спаѓаат лица корисници на социјална помош, корисници на правото на инвалидски додаток, лица кои не остваруваат други приходи по основ на заработувачка или приходи од недвижности, корисници на најниска пензија кои живеат во семејна заедница со две или повеќе лица издржувани од него и семејства или самохран родител со едно или повеќе малолетни деца кои остваруваат право на детски додаток.

Од „Мултикултура“ ги советуваат сите кои имаат потреба од правна помош да се пријават преку телефонските броеви 070/858-144 и 044/377-775, и-мејл адресата: [email protected] или пак преку профилите на „Мултикултура“ на социјални мрежи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...