fbpx

Не е точно дека Финска ќе воведе работна недела од четири дена

-

Финска пред неполн месец ја доби најмладата премиерка во светот, Сана Марин, за која се крена голема врева кога беше избрана околу составот на нејзиниот кабинет и за дел од политиките кои сака да ги примени.

Десетици медиуми деновиве објавија дека новата финска премиерка Марин ќе воведе флексибилно работно време од четири дена во неделата, наместо пет како што е во поголемиот дел од светот. И не само тоа, туку ќе ги намалела и работните часови во денот од 8 на 6. Иако, ова звучи убаво и би сакале да се случи во вашата земја, сепак тоа не се случува ниту во Финска, пишува „КриТинк“.

Оваа вест е лажна. Медиумите во својата објава го цитираат „Дејли меjл“, кој е британски таблоид познат по објавување на шпекулации и непроверени информации. Веста толку многу се прошири што со појаснување мораше да излезе и финската влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...