fbpx

Викендов почнува зимското сметање на времето

-

Викендов помеѓу 26 и 27 октомври почнува зимското сметање на времето што значи дека стрелките на часовникот во сабота кон недела ќе се вратат еден час наназад. Зимското сметање почнува во 03 часот по полноќ кога наместо три часот ќе биде два часот по полноќ.

Зимското сметање на времето трае до последниот викенд во март 2020 година.

Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската унија. Предлогот беше усвоен од Европскиот парламент, но секоја членка на Унијата ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...