понеделник, 9 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: викенд | 16 резултати

Предложено викендов полицискиот час да почне од сабота во 19 часот и да трае до вторник до 5 часот

20 мај 2020

Министерот за здравство Венко Филипче на одговор на новинарско прашање истакна дека утринава, на состанокот со Комисијата за заразни болести било предложено од Комисијата до главниот кризен штаб до Владата, во текот на викендот да има целосно ограничување на движењето – полициски час од сабота во 19 часот до вторник во 5 часот наутро. „Што […]

Во Охрид в понеделник ќе се поделат 1,5 тони рибна чорба за Денот на рибарите

17 јануари 2020

Во рамки на манифестацијата Денот на рибарите, која што ќе се одржи на 20-ти јануари на празникот Свети Јован Крстител, во Охрид и оваа година ќе се подготвува традиционалната рибна чорба. Чорбата ќе се подготвува во голем казан, кој утрово беше поставен на градскиот плоштад. За подготовката на овој специјалитет ќе бидат задолжени професорите и […]

Викендов почнува зимското сметање на времето

24 октомври 2019

Викендов помеѓу 26 и 27 октомври почнува зимското сметање на времето што значи дека стрелките на часовникот во сабота кон недела ќе се вратат еден час наназад. Зимското сметање почнува во 03 часот по полноќ кога наместо три часот ќе биде два часот по полноќ. Зимското сметање на времето трае до последниот викенд во март […]

Дождливо време со засилен јужен ветар

6 март 2018

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и поинтензивни ќе бидат во западните и крајните источни делови, локално над 15 литри на метар квадратен. Само на повисоките планини ќе има повремен снег. Во јужните делови ќе има услови за локална појава на грмежи. Ќе дува ветер од јужен и југозападен правец. […]

Топлотен бран за викендот, Македонија ќе биде во жолта фаза

15 септември 2017

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на викендот што следува, територијата на целата држава ќе биде зафатена со температура од жолта (алертна) фаза, информираат од Министерство за здравство. Од таму апелираат граѓаните особено да внимаваат на своето здравје, поради температурните осцилации во изминатиот период. Исто така, потребно е да се избегнува директна сончева […]

Во Охрид за празникот најбројни ќе бидат туристите од Турција и од Западна Европа

27 април 2017

Велигденската атмосфера во Охрид, како што најавуваат хотелиерите, ќе се повтори и за претстојниот продолжен првомајски празничен викенд. Освен домашните туристи, се очекуваат туристи од Германија, Шведска, Хрватска, Норвешка. Менаџерскиот тим на хотелот „Миленум палас“ информира за голем интерес кај туристите од Турција, што е новина на туристичкиот пазар. – Капацитетите за 2 мај се максимално […]

Ќе се воведуваат нови возни линии на релација Скопје – Битола

13 мај 2016

Од „Македонски железници“ информираат дека од почетокот на јуни, на релацијата Скопје – Битола и обратно ќе сообраќаат седум линии. Покрај постојните, ќе се воведат и нови возови, па така вкупно ќе има три патнички и четири експресни гарнитури, кои ќе сообраќаат на секои два до три часа. Секој четврток, возовите бесплатно може да ги користат студентите, секој […]

Капацитетите во Охрид и во Струга, распродадени за продолжениот велигденско-првомајски викенд

28 април 2016

Капацитетите на двата крајезерски туристички центри, Охрид и Струга, речиси целосно се распродадени за продолжениот велигденско-првомајски викенд. Резервациите се направени од голем број туристи како од земјата, така и од странство. Резервирани се повеќе од 90 проценти од хотелските капацитетите. Приватните издавачи на станови нудат сместување по цени од 400 денари за кревет до 50 евра за […]

Намален бројот на Македонци кои викендов преку Богородица оделе во Грција

6 јули 2015

Во двата дена од викендот (сабота и недела) од земјава во Грција, преку граничниот премин Богородица, отпатувале само околу 6.200 македонски државјани, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР) за „Мета“. Според статистиката на МВР, од четвртокот (2 јули) заклучно со неделата (5 јули) вкупно 10.694 македонски државјани заминале во Грција, додека во истиот период […]

Грција на работ на седиштето, договор сè уште нема

26 јуни 2015

Во клима на голема вознемиреност и незивесност, во Грција се исчекува следната партија од тензичните разговори меѓу премиерот Алексис Ципрас и европските кредитори. Недела е крајниот рок за завршување на преговорите меѓу Атина и Брисел. Ќе донесе ли викендот конечно договор или Грција ќе се соочи со банкрот? Оптимизмот што владееше на почетокот од неделата за можен […]

Катастарот ќе работи и викендов

12 декември 2014

Од 8.30 до 19 часот, викендов ќе работат шалтерите во сите одделенија за катастар на недвижности во земјата, како и во Центарот за катастар на недвижност – Скопје, за да им се овозможи на граѓаните да обезбедат имотен лист кој им е неопходен за навремено поднесување барање за приватизација на дворните места. Рокот за поднесување барање […]

Врнежливо време за викендот

14 ноември 2014

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно, со повремени слаби врнежи од дожд во утринските часови, а во текот на денот облачноста постепено ќе се намалува и врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од шест до 12 Целзиусови степени, а дневната од 13 […]

Страна 1 од 1