fbpx

Дескоска: Нема напредок во разговорите за Законот за јавно обвинителство

-

Министерката за правда, Рената Дескоска, рече дека нема напредок во разговорите за Законот за јавно обвинителство, по средбата на работните групи.

– Разговаравме за прашањата отворени од самиот почеток, меѓу кои и за статусот на предметите кои ги води СЈО. Клучните непремостливи разлики се оденсуваат токму на ова прашање. Желбата на другата страна е овие предмети да не завршат ефикасно. Нашите црвени линии се дека правдата мора да дојде, без разлика кој ќе ги заврши – истакна Дескоска.

Таа додаде дека нивен предлог е тие предмети да бидат трансферирани и да продолжат од точката до која се стасани во СЈО, да нема одолговлекување и застој во постапките.

– Забелешките кои ги има ВМРО-ДПМНЕ порачавме да ги преточи во амандмани. Законот утре влегува во собраниска процедура, амандманите треба да бидат поднесени до четврток. Се надевам дека утре сите политички партии ќе смогнат сили да водат сметка за иднината на нашата држава на патот на евроинтеграциите и дека ќе се донесе овој закон – истакна Дескоска.

Според неа, обвинението за Катица Јанева во „Рекет“ не треба да фрла сенка врз инситутцијата во која работела.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...