fbpx

Рикер: Законот за јавно обвинителство треба да се донесе, опозицијата мора да биде конструктивна

-

Време е работите да се придвижат. САД сака да работи со сите политчки партии во Северна Македонија и мораме да видиме разумни напори. Усвојувањето на Законот за јавно обвинителство треба да се донесе и ја поттикнувам опозицијата да се придвижи во таа насока.

Ова денеска го истакна помошникот државен секретар за Европа и Евроазија на САД, Филип Рикер, на прес-конеренцијата со премиерот Зоран Заев.

Тој додаде дека за македонската иднина е важно владеењето на правото „бидејќи јавноста очекува истрагите да продолжат, да се покаже дека владеењето на правото се применува и дека никој не е над законите“.

„Како и во секоја вистинска демократија улогата на опозицијата е клучна, опозицијата мора мора да биде конструктивна. Времето за игри е поминато, време е работите да се придвижат за доброто на земјата. Времето да се задржува ова од страна на опозицијата треба да заврши и се надевам ќе имаат конструктивен пристап. Мора да видиме разумни напори, закон за Јавното обвинителство мора да се придвижи, а неговото усвојување сега значи дека тоа повеќе нема да биде ‘прашање‘ и ЕУ ќе може да ги отвори пристапните преговори наесен“, рече Рикер.

Тој додаде дека Северна Македонија преку Договорот од Преспа покажа пример за храбри решенија на проблемите и способност за придвижување напред кон позитивна и светла иднина.

Тој очекува наскоро на Самитот во Лондон земјава да стане 30-та членка на НАТО, а очекува на есен да го добие датумот за преговори со ЕУ. САД, како што рече, иако не се дел од ЕУ, постојано и даваат поддршка на Северна Македонија на тој пат, но и на билатералните средби со земјите-членки ги поттикнуваат есенва државата да го добие долгоочекуваниот датум за преговори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...