fbpx

Садула Дураки назначен за вицепремиер во Владата

-

На вчерашната 142. седница на владата, министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураки е назначен за вицепремиер во кабинетот на премиерот Зоран Заев.

Дураки беше сменет со „метлата“ на Заев и од министер за животна средина и просторно планирање, сега е министер во новото Mинистерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Тој е министерот кој ќе остане запаметен по изјавата дадена во врска со загадувањето, кога на прашање  за тужбата што граѓаните ја подготвуваат против државата заради здравствените последици кои ги трпат поради загадениот воздух, тој одговори дека „не се бави со граѓаните“ и „Македонија не е Швајцарија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...