fbpx

Бектеши: Регионалниот пат за Шапка ќе биде реконструиран, општината треба да ги поправи локалните

-

Реконструкцијата на патот Тетово – Попова Шапка започна и работите се во тек, ова го најави министерот за економија, Крешник Бектеши, пред неколку дена. Екипа на „Порталб“ беше на терен и виде дека таму се работи. Од друга страна, Граѓанската иницијатива “Да ја спасиме Попова Шапка” реагираше со коментар дека само се означуваат дупки со црвена боја, пренесува „Порталб.мк“.

Рехабилитацијата на патот Тетово – Попова Шапка започна во мај оваа година и треба да заврши во септември. Министерот Бектеши го најави ова неодамнаи рече дека лично ќе ја посети Попова Шапка во текот на неделата.

“Работите се започнати, може да излезете на терен и да видите дека во тек се вршат подготовки за реконструкција на патот. Планираме во текот на оваа недела да ја посетиме Попова Шапка”, рече министерот Бектеши во вторникот.

Сепак, од Граѓанската иницијатива “Да ја спасиме Попова Шапка” велат дека на терен сè уште не се случува ништо, туку неколку пати дупките се означуваат со црвена боја.

“Гледаме секојдневно како се отвораат различни кратери, средуваат нешто по страните и истите дупки ги означуваат по два-три пати со црвена боја, но нема никакви видливи промени. Повикот за имплементација на овој проект постои од 2015 година, а денес во 2019 година сè уште не гледаме ништо. Се вели во објавата Граѓанската иницијатива “Да ја спасиме Попова Шапка”.

Иницијативата “Да ја спасиме Попова Шапка” истакнува дека повикот за реализација на овој проект постои од 2015 година.

“Рехабилитација на патот се врши согласно стандардите и прописите на Република Северна Македонија. Под надлежност на централната власт е единствено регионалниот пат, меѓутоа Општина Тетово има поднесено барање до Светската банка за грант за развој на Попова Шапка, односно регулирање на локалните патишта на Попова Шапка”, рече Бектеши.

Од друга страна, од Општина Тетово, велат дека аплицирале за грант, во Светска Банка Центар за развој на Полошкиот регион (ЦРПР). за рехабилитација на патиштата во ски-центарот и кај викенд куќите со кој предвидуваат да ги средат патиштата до викендичките на Попова Шапка, и тоа не само да ги асфалтираат, туку и да постават осветлување и камери и стандардизација на отпадоците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...