fbpx

Димитров на 15 и 16 март во Атина на покана на Коѕиас

-

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во петок и сабота, на 15 и 16 март, ќе учествува на Меѓународна научна конференција организирана од атинскиот Универзитет Пиреас, по повод 20-годишнината од постоењето на катедрата за меѓународни и европски студии и во чест на почесниот професор и поранешен шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕиас.

Дводневната конференција на тема „Грчката активна надворешна политика во 21 век”, ќе се одржи во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи на Грција, а ќе има пет тематски дискусии, од кои последната е посветена на регионот.

За Балканот и Југоисточна Европа во сабота напладне ќе дискутираат македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров и поранешните шефови на албанската и бугарската дипломатија, Дитмир Бушати и Даниел Митов.

Поканата до Димитров да учествува на конференцијата, ја откри, уште на крајот од минатата година поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕиас во интервјуто за МИА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...