fbpx

Владата ќе подготви нов предлог-законот за трговија на зелени пазари

-

Владата на денешната седница донела одлука да не даде мислење за предлог-законот за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари, бидејќи веќе е донесена одлука со кој се предвидува пролонгирање на рокот за влегување на сила на законот за јануари 2020 година, информираат од Владата.

„Истовремено, Влада веќе има формирано работна група за подготвување на нов предлог-закон за трговија на зелени пазари и на која членуваат и претставници на здружението на трговците на зелени пазари и постои цврста политичка определба дека конечното решение ќе биде и во интерес на нивна заштита“, се вели во соопштението.

Владата исто така донела одлука за формирање на Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците.

„Дел од обврските кои ќе ги има ова тело опфаќаа подготовка на Акциски план за спроведување на Законот за употреба на јазиците, во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на одлуката, следење на динамиката на реализација и имплементација на Акцискиот план, давање насоки на институциите во функција на координирање, организирање, имплементирање и операционализирање на мерките и активностите согласно тој план“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...