fbpx

Собранието во првите шест месеци донело 178 закони, најголем број од економска област

-

Пратениците во Собранието донеле 178 закони, 83 од економска област, 52 од политички систем и 43 закони од областа на јавните дејности, покажува најновиот број на публикацијата „Мојот пратеник“.

Во неа е содржан извештајот за работата на народните избраници за периодот од 1 јануари до 30 јуни, 2018 година. Во овој период, пет седници биле посветени на пратенички прашања.

Собранието во соработка со граѓанската асоцијација „Мост“ од август 2006 година, редовно ја издава публикацијата „Мојот пратеник“, која е целосен производ на законодавниот дом.

„Oваа публикација претставува уште еден инструмент преку кој законодавниот дом се приближува до граѓаните. Една од клучнитe заложби на Собранието е транспарентна и отчетна работа, како едни од основните темели на кои се гради демократското општество“, се вели во соопштението од собраниската прес-служба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...