fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја задолжи државата за нови 7,1 милиони евра

-

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека премиерот Зоран Заев „додека го продава името,не пропушти да ги задолжи граѓаните“.

„Зоран Заев и криминалниот картел кој го води ја задолжија државата за нови 7,1 милиони евра. Власта се задолжи на 15 години со годишна каматна стапка од 3%. Тоа значи дека за земените 7,1 милион евра за 15 години ќе вратиме 3,2 милиони евра само за камати. Картелот ја задолжува државата без реална потреба. Расипништвото на власта само за првите 3 месеци од годината ги чинеше граѓани 300 милиони евра нов долг. Од тогаш долгот само се зголемува“, обвинува ВМРО-ДПМНЕ, порачувајќи дека власта ја презадолжува државата без да им каже на граѓаните на што ги троши парите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...