fbpx

Села нема да биде дел од Владата на Заев без избори

-

Алијансата за Албанците на ниту еден начин нема да биде дел од некоја нова владина гарнитура, на која нема да претходи парламентарен изборен процес, едногласно одлучила партијата на првото Централно собрание во Кичево по партискиот конгрес кој се одржа на 10 март.

Од партијата велат дека нивната одлука се заснова на индикациите дека владејачката гарнитура не е доволно убедлива во својата заложба за радикални реформи во земјата, а особено нејзината индиферентност околу спроведувањето и примената на принципите и функционирањето на владеењето на правото.

На седницата беше избрано дел од раководството на партијата, генералниот секретар, централното претседателство, претседателот на Академија и комисијата за статутарно-правни работи.

Воедно на централното собрание е донесен заклучок во кој се вели дека партијата ги поддржува напорите и преговорите за решавање на проблемот со името, но се против решение на име напишано само на кирилично писмо.

Од Алијанса за Албанците велат дека предлогот за името треба да биде меѓународно преведен и не треба да биде на јазикот само на одредена етничка заедница во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...