fbpx

Илон Маск успешно ја лансираше ракетата „фалкон хеви“

-

Основачот на компанијата за електрични автомобили „Тесла“, Илон Маск, успешно ја лансираше ракетата „фалкон хеви“ од вселенската станица „Кенеди“ на Флорида, јавуваат светските медиуми.

Ракетата се одлепила од земјата без никаков инцидент, а во неа се наоѓа и спортскиот електричен автомобил „роудстер“ (Roadster) на компанијата „Тесла“ .

„Роудстер“ ќе отиде 400 милиони километри подалеку од Земјата и ќе се движи со брзина од 11 километри во секунда“, изјави Маск на прес-конференција.

Се проценува дека автомобилот ќе кружи во вселената неколку милиони години. Маск изјави дека на автомобилот се бидат закачени три камери кои би требало да обезбедат „епски поглед“.

На возачкото седиште е куклата „стармен“ (Starman), а во автомобилот е пуштена песната „Space oddity“ од Дејвид Боуви.

Компанијата на Маск, „Спејс екс“ наведува дека ракетата „фалкон хеви“ може да понесе 64 тони, што е повеќе од „боинг 737“ со патници, персонал, товар и гориво.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...