Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност, а повремено ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура се движи од минус осум до минус еден Целзиусов степен, а дневната ќе достигне од еден до 12 степени.
Во Скопје се очекува слично време, сончево со умерена локална облачност и повремен ветер од јужен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до девет Целзиусови степени.