fbpx

Пониски цени на бензините и на нафтата

-

Од ноќеска на полноќ бензините и дизелот  ќе поевтинат за 3,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 62 денари, на „еуросупер БС-98“ – 63,50, додека „еуродизел“ (Д-Е V) ќе се продава за 52,50 денари за еден литар.

Малопродажната цена на екстралесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3 денари и ќе изнесува 41,50 денари за еден литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 3,064 денари и ќе чини 24,448 денари за еден килограм.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...