fbpx

Шилегов: Јанакиески продал земјиште од еден милион евра за само 126.000 евра

-

Миле Јанакиески дозволил продажба на државно земјиште на атрактивна локација среде Скопје, кај зградата на „Авто Македонија“, за само 100 евра за еден квадратен метар, обвинува Петре Шилегов од СДСМ.

– Министерството за транспорт и врски, на јавното наддавање во јуни 2012 година, продало две парцели кај „Авто Македонија“ со вкупна површина од 1.245  квадратни метри. Цената е 7.656.750 денари, или 6.150 денари за еден квадратен метар, значи 100 евра по квадратен метар. Но, еве што излегува на површина. Според овој имотен лист, купувачот на земјиштето, во март годинава, ова земјиште го заложил под хипотека за кредит, во вреденост од 19.988.000 денари, или 327.672 евра! Сега, бидејќи банките одобруваат кредит што е третина од вистинската вредност на заложениот имот, а во случајов станува збор за кредит поголем од 300.000 илјади евра, дали ова упатува на заклучок дека вистинската вредност на земјиштето што Јанакиески го продал за 126.000 евра, всушност, изнесува околу 1.000.000 евра – прашува Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За врховниот судија Наке Георгиев 30 дена притвор, за Иџет Мемети се бараат мерки на претпазливост

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30 дена притвор на врховниот судија Наке Георгиев, откако тој беше уапсен вчера, поради наводно примање поткуп од...