fbpx

Исчезна индонезиски авион

-

Последниот контакт на екипажот на авионот на компанијата „Ер Азија“ со 162 патници и членови на екипажот, кој рано утрово исчезнал од радарот над Јаванско Море, се случил во 01.13 часот по средноевропско време. Пилотот тогаш побарал дозвола да го избегне облакот со тоа што ќе сврти лево и ќе ја зголеми висината на 10.360 метри. Оттогаш почнува очајничката потрага по авионот.

Во меѓувреме е објавена сателитска снимка на бурата поради која пилотот побарал промена на правецот на летање.
– Не се осудуваме да претпоставиме што можело да се случи, освен тоа што е изгубен контакт – изјавил генералниот директор на индонезиската агенција за сообраќај, Џоко Муржатмоџо.

Тој рекол дека од авионот не е упатен повик дека леталото се наоѓа во неволја. Авионот полетал од индонезискиот град Сурабаја, а контактот е изгубен 42 минути по полетувањето.

Во леталото се наоѓале двајца пилоти, пет членови на кабинскиот персонал и 155 патници, вклучувајќи 16 деца и едно бебе, соопштуваат од „Ер Азија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...