fbpx

Сончево и многу топло време

-

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови од земјава умерен ветер од јужен и од југозападен правец, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи.

УВ-индексот ќе биде 9.

Температурата ќе достигне максимум 38 Целзиусови степени во југоисточните предели од земјава. Еден степен помалку прогнозира УХМР за централниот дел на земјата, а 36 Целзиусови степени ќе биде максималната температура во Скопје.

Во Пелагонија се очекува температурен максимум од 35 Целзиусови степени, 32 степени во Охридско-струшкиот Регион, а 33 степени се очекуваат на крајниот североисток на земјава. На западот на Македонија максималната температура ќе биде околу 29 степени.

Од утре до сабота се очекува многу висока температура. Долж Повардарието максималната температура ќе надмине 40 Целзиусови степени.

В четврток ќе дува засилен југозападен ветер. В недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник, поради брз продор на влажна и посвежа воздушна маса од север, ќе има врнежи од дожд и грмежи, а од понеделник и значително опаѓање на температурата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Стејт департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица беа предложени за функции во Владата на Србија

„Ние сме разочарани што гледаме две санкционирани лица номинирани за позиции во новата влада“, вели портпаролот на Стејт департментот во писмена изјава за Гласот на Америка на српски јазик....