Тутунската индустрија во Македонија е една од носечките во македонската економија и постојаното инвестирање го зголемува потенцијалот за развој на сите субјекти во синџирот, од производителите до дистрибутерите и до продажбата.
Ова денеска го порача претседателката на управниот одбор на „Империал тобако“ за Јадранскиот Регион, Пиа Барборич-Јурјашевич.
Денеска беше претставена инвестицијата од 1,8 милиони евра во нова, современа производствена линија во фабриката во Скопје, што е втора ваква во целата групација на „Империал тобако“, на глобално ниво.
„Империал тобако“ ТКС е најголемиот производител на цигари на пазарот, а досега извезува повеќе од 40 проценти од вкупното производство, и тоа во Русија и на пет пазари во регионот.
Во 2016 година компанијата откупила околу 2.000 тони квалитетен македонски тутун, додека за оваа година се планира зголемување на откупените количества за околу 9 проценти.