fbpx

Со креативност до бесплатен билет за Францускиот филмски фестивал

-

Францускиот институт во Скопје доделува билети за проекцијата на филмот „Џанго“ на 14 јуни во киното „Милениум“ во Скопје, со кој ќе се отвори јубилејното десетто издание на Францускиот филмски фестивал.

Во натпреварот за бесплатен билет може да се вклучат сите млади на возраст помеѓу 15 и 25 години со креативен одговор на прашање „Што значи францускиот филм за вас?“.

Одговорите на француски или македонски јазик треба да се испратат до 7 јуни на [email protected], при што треба да се наведат името, презимето и возраста.

Најдобрите одговори ќе бидат изложени пред проекцијата на филмот „Џанго“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...