fbpx

Создавањето информирани и дигитално одговорни граѓани во фокусот на конференцијата „Дигитализација“

-

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на конференцијата на тема „Дигитализација“, која што во организација на амбасадата на Француската Република и Францускиот институт во Скопје, денеска се одржа во Националната Установа Центар за Култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, информираат од претседателскиот кабинет.

Говорејќи за дигиталната сфера како основа за напредок, претседателот Пендаровски посочи и на еден од клучните предизвици – големиот обем на дезинформации и брзината со која се шират преку дигиталните платформи и социјалните мрежи.

„Оние кои стојат зад кампањите за дезинформирање ги злоупотребуваат слабите страни на општеството, ја намалуваат неговата отпорност, ја поткопуваат довербата кон институциите и, за жал, успешно ги продлабочуваат поделбите меѓу луѓето“, оцени претседателот Пендаровски, посочувајќи дека лажните вести и дезинформации успеваат особено во периоди на неизвесност, каков што е овој сега, оптоварен со пандемија, војна, економска и енергетска криза.

Осврнувајќи се на сензационалистичките дезинформации кои се шират многу побрзо и стигнуваат до многу повеќе луѓе отколку вистинските и проверени информации, претседателот посочи на лажните вести поврзани со ковид-19, како и на бројните примери во последниов месец, кај нас и во поширокиот регион, кога се нанесува штета на економијата, креирајќи паника меѓу населението кое ги празни продавниците со животните продукти.

Според претседателот Пендаровски, решението лежи во дигиталното описменување, во создавање на информирани и дигитално одговорни граѓани. Обраќајќи се кон младите како технолошки најобразувана и најнапредна генерација, претседателот истакна дека со нивните вештини и знаења, со разбирањето на дигиталната сфера, можат да придонесат во развивањето на дигитална отпорност која вклучува едуцирање на дигиталните заедници од сите генерации, за вештините неопходни за полесно препознавање на лажните вести.

Амбасадорот на Француската Република во Република Северна Македонија, Сирил Бомгартнер, во своето обраќање посочи дека во актуелните рамки на Европската Унија, претседавањето со Советот се случува само еднаш на секои тринаесет и пол години, што е ретка можност.

„Франција го презеде ова претседателство во еден исклучителен контекст, во период обележан со големи кризи. Тој нов геополитички контекст нѐ засега сите нас, а стратешкиот интерес за европската интеграција на Западен Балкан дополнително се зајакнува, што особено се однесува на Северна Македонија. На денешната конференција на тема „Дигитализација“ зборуваме за предизвиците во таа област, за Европа која станува светска референтна сила за дефинирање на фер и транспарентни правила, за заштитата на правото на приватност и на личните податоци, за добрата информираност и за тоа како да се заштитиме од говорот на омраза”, истакна амбасадорот Бомгартнер.

На Конференцијата која се реализира во рамки на активностите поврзани со француското претседателство со Советот на Европската Унија, свои излагања имаа Беноа Лутрел, член на Советот за регулација на аудио-визуелна и дигитална комуникација, поранешен директор за односи со јавност во Гугл и поранешен генерален директор на ARCEP, Филип Стојановски, директор за партнерства и развој на ресурси, НВО Метаморфозис, Елена Стојановска, консултант од областа на заштитата и безбедноста на личните податоци и Бојан Кордалов, комуниколог, Институт за добро управување и евроатлантски перспективи.

На панел дискусијата учествуваа студенти од Економскиот факултет – Прилеп и од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ од Скопје, франкофони средношколци од Гимназијата „Мирче Ацев“ – Прилеп, од Гимназијата „Кирил и Методиј“ – Неготино, од Средното економско училиште „Васил Aнтевски Дрен“ – Скопје, како и претставници од Коалицијата на младински организации СЕГА и од Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан – РИКО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...