fbpx

Груевски: Како држава минавме низ многу кризи, но полицијата ја оправда довербата

-

„Полицијата и безбедносните служби беа и ќе останат еден од најцврстите столбови на државата, кои ја гарантираат нејзината стабилност и безбедност. Професионалците во полицијата сите овие години покажаа дека се на висина на задачата и дека нема ништо посвето од обврската да му служиш и да го штитиш сопствениот народ“, се вели во честитката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по повод Денот на полицијата.

Во неа се додава дека владата на ВМРО-ДПМНЕ изминативе десет години многу инвестирала во развојот на полицијата, почнувајќи од професионализацијата, преку инвестициите во најсовремена опрема и техника, па сè до подобрувањето на стандардот на полициските службеници.

„Како држава минавме низ многу кризи и ризици, но полициските службеници ја оправдаа довербата и секогаш беа на висина на задачата, подготвени да застанат во одбрана на највисоките државни и национални интереси“, се вели, меѓу другото, во честитката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...