fbpx

СДСМ: Граѓаните да бидат спокојни за празникот, мнозинската волја ќе се испочитува

-

„Граѓаните да бидат спокојни во овие празнични денови. Многу бргу во Македонија ќе се живее во демократија, слобода, еднаквост, вредностите што граѓаните ги избраа на последните избори“, порачаа СДСМ во редовното утринско соопштение.

Од партијата истакнуваат дека насилничката реторика, заканите и криминалите ќе бидат заменети со квалитетен живот за сите и со правда.

„Мнозинството граѓани се одлучија за заедништво и за интеграција, а не поделеност и изолација. Унитарна Македонија ќе биде современа држава, во чекор со демократскиот свет, општество на сите граѓани, наместо на една фамилија. Тоа е единствениот вистински пат по кој мора да се движи државата и тоа ќе се случи, бидејќи е мнозинска волја на граѓаните“, стои во соопштението.

Од СДСМ велат дека новото парламентарно мнозинство е должно тоа да им го обезбеди на граѓаните што ги претставува во Собранието.

„И мнозинската волја ќе се испочитува. Наскоро ќе се избере нов претседател на Собранието и нова реформска влада, согласно Уставот и законите на Република Македонија“, велат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...