Во автобус во Лас Вегас дошло до пукање во кое еден маж убил едно лице, а полесно повредил друго.
Полицијата го уапсила напаѓачот по напната ситуација која траела четири часа, соопшти градската полиција со напомена дека тој напад не е поврзан со тероризам.
Осомничениот напаѓач во двокатен автобус бил забарикадиран четири часа додека тактичките тимови и преговарачите пристигнале на местото, на булевар во Лас Вегас кој тогаш бил затворен за сообраќај.
Мажот се предал во 15.20 часот по локално време, а полицијата наведе дека тој во себе имал пиштол.
Нема докази дека овој инцидент е поврзан со грабежот кој претходно се случил во хотелот „Белаџо“, при што никој не е повреден.