fbpx

Либи Лејн е првата жена-бискуп на Англиканската црква

-

Англиканската црква денеска ја именуваше првата жена на положбата бискуп и со тоа се стави крај на повеќевековната традиција што предизвика длабока поделба во верската организација.

Црквата ја именуваше Либи Лејн за нов бискуп на Стокпорт, на северот на Англија. По долгата и бурна дебата, Синодот на Англиканската црква во јули, со гласање, одлучи да им дозволи на жените да станат бискупи.

Законот е формално усвоен минатиот месец. Жените служат како свештеници во Англиканската црква од 1994 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...