Вооружен напаѓач утринава во филијала на банката „Шпаркасе“ во Дуизбург зел двајца службеници како заложници. Во тек е голема полициска акција.
Германската полиција соопшти дека напаѓачот е азилант, а дека маж и жена, кои се вработени во банката, се држат како заложници.
– Во моментов целата околина е опколена – соопшти портпаролот на полицијата, додавајќи дека во акцијата се вклучени и снајперисти.
Полицијата сè уште нема воспоставено контакт со лицата кои се наоѓаат во банката.
Вработена во банката, која успеала да побегне, ја информирала полицијата за нападот, кој почнал некаде пред 9 часот.