fbpx

Данкан: 67 од 120 е јасно мнозинство, Иванов треба да ја преиспита одлуката

-

Со порака претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, да ја преиспита својата одлука да не му го додели мандатот на Зоран Заев, се огласи и британскиот министер за Европа, сер Алан Данкан.

„67 новоизбрани пратеници кои претставуваат различни заедници во Македонија побараа да формираат влада. 67 од 120 е јасно мнозинство. Претседателот Иванов треба да си ја преиспита одлуката“, е пораката од Данкан објавена на веб-страницата на британската канцеларија за надворешни работи.

Алан Данкан беше во Скопје од 22 до 24 февруари, кога се сретна со политичките лидери и со претседателот Иванов, при што ги поттикна водачите кон напори за формирање влада и за ставање крај на политичката криза. Истовремено, тој ја нагласи потребата од напредок во процесот на реформи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...