fbpx

Јоце Панов ќе одржи хуманитрен концерт за помош на Даниел Митков

-

В петок, 19 декември, на полноќ, во дискотеката „Ескејп“ во Кочани, Јоце Панов ќе одржи хуманитарен концерт за помош на Даниел Митков, кој поради сообраќајна несреќа останал во количка.

– Кога ме побараа за да направам хуманитарен концерт за Даниел, единствен слободен датум до Божик ми беше 19 декември, а тоа е Св. Никола. Се надевам дека со Божја сила и со помош од хуманите луѓе во Кочани, а и пошироко, ќе направиме убав концерт и ќе ги собереме останатите потребни средства за да го испратиме веднаш Даниел на операција за повторно да трча и да игра фудбал. Даниел веќе една година се мачи да собере 25.000 евра за да отиде во Кина на операција, а му недостигаат уште малку и искрено се надевам дека наскоро ќе го видиме на нозе – раскажува Јоце Панов.

Даниел Митков настрада во сообраќајна несреќа во која доби тешки повреди на ’рбетниот столб и остана парализиран во долниот дел од телото. По неопходниот медицински третман во Македонија, потребен е третман со матични клетки и рехабилитација за подобрување на неговата состојба во Кина. Хируршкиот зафат и рехабилитацијата се закажани во „Даблју-Ју медикал центар“ (WU Medical Centar) во Пекинг, Кина, за кои се неопходни 25. 000 евра, средства кои неговото семејство не може да ги собере, па затоа побараа помош од хуманите луѓе, а Јоце одлучи да помогне.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...