fbpx

Променливо облачно, со повремени врнежи од дожд

-

Времето утринава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, кои повеќе ќе бидат застапени во источните делови на земјава. Во текот на денот ќе дојде до зголемување на облачноста, а околу пладне и попладне ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, но пообилни ќе бидат во западните делови на земјава, каде се очекува да наврнат околу 16 литри воден талог на еден квадратен метар . Ќе дува умерен, а во западните делови на земјава и силен југоисточен ветер, кој во вечерните и во ноќните часови ќе го промени правецот во северен.

Минималната температура ќе се движи од 2 до 8 Целзиусови степени, а максималната од 12 до 19 степени.

Во Скопје и во околината ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен, а попладне од северозападен правец. Утринската температура ќе изнесува 5 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 18 степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Силјановска Давкова стана претседателка, при заклетвата не го користеше уставното име

Новата претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова, на денешната инаугурација во Собранието, при положувањето на заклетвата избегна да го каже уставното име на државата. Иако претседателот на...